Јапонската централна банка ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво во последните 17 години

На азиските берзи цените на акциите денеска пораснаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цената на нафтата треба да биде пониска, а централните банки да ги намалат каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,6 отсто во 7:00 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,4 и 2,1 отсто. Така, азиските берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, кога Dow Jones зајакна 0,92 отсто, додека S&P 500 порасна 0,53, а Nasdaq индексот 0,22 отсто.

Растот на овие индекси четврти ден по ред и новиот рекорден досег на S&P следеше откако Трамп, во обраќањето пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, рече дека ќе побара од ОПЕК да ги намали цените на нафтата и од централните банки да пониски каматни стапки.

Трамп го ублажи тонот кон Кина

Сепак, утрово јапонската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, на 0,50 отсто, што е највисоко ниво во последните 17 години. На овој начин монетарните власти сакаат да ја запрат инфлацијата. Иако зголемувањето на каматните стапки вообичаено има негативно влијание врз пазарот на капитал, јапонскиот индекс Никеи благо порасна бидејќи се очекуваше таков потег.

Кинеските инвеститори, пак, беа охрабрени од омекнатиот тон на Трамп во однос на воведувањето царини за Кина. Во интервју за Fox News, Трамп рече дека неговиот неодамнешен разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг бил пријателски и дека е можен трговски договор со Кина.

Тој рече дека не би сакал да користи царини, но дека тоа е многу моќно оружје во преговорите со Кина. Благодарение на ова, стравувањата од нова трговска војна меѓу САД и Кина, како што беше за време на првиот мандат на Трамп, стивнаа.

Доларот ослабе, цените на нафтата под притисок

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, по пораката на Трамп дека американската централна банка треба да ги намали каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,13 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,30 на 155,30 јени, откако јапонската централна банка ги зголеми каматните стапки. Американската валута ослабна и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0445 долари, додека вчера во ова време беше 1,0410 долари.

Цените на нафтата, пак, се под притисок откако Трамп рече дека ќе побара од ОПЕК пониска цена на нафтата. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,03 отсто, на 78,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,04 отсто, на 74,60 долари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното