По повод претстојните новогодишни празници Паркинзи на општина Центар извстува дека на 31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со кои
стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот,
затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите
за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до
16:00 часот.
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на
02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на
договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година
(четврток) со вообичаено работно време.