Како да ги направите чевлите водоотпорни: Ефикасен трик кој можете да го примените веднаш

Освен гумените чизми, кои често се ладни и неудобни, ниту една друга обувка не е гаранција дека вашите стапала ќе останат суви.

Дождот кој деновиве не престанува да паѓа, освен што го отежнува сообраќајот, насекаде и сите доцниме, влијае и на нашето расположение, дури и ја уништува косата или ни ги намокри стапалата.

Се вчитува...

Освен гумените чизми, кои често се ладни и неудобни, ниту една друга обувка не е гаранција дека вашите стапала ќе останат суви.

Сепак, постои мал трик и решение и за овој проблем. Сега ќе можете да го носите омилениот пар чевли дури и при дождливо време, без да завршите со влажни стапала.

Се што ви треба е пчелин восок или ако го немате, можете да користите обична свеќа.

Чевлите тријте ги со пчелин восок или свеќа за да остане на нив тенок, бел слој. Потоа растопете го тој слој така што полека ќе го загреете со фен.

Почекајте малку да се излади восокот на собна температура и да се стврдне и спремни сте да прескокнете барички и да шетате на дожд.