Како да заштедите гориво: Малите промени во навиките имаат големо влијание врз потрошувачката

Германската организација TÜV SÜD, специјализирана за проверка и сертификација, сподели неколку корисни совети за економично возење.

За почеток, префрлете се во поголема брзина веќе со 2000 вртежи во минута. Многу возачи имаат навика да останат во помала брзина, иако со брзина од 50 км/ч веќе можете да бидете во четврта брзина, а во зависност од менувачот и типот на моторот (турбодизел, турбопетрол) дури и во петта брзина.

Потрошувачката на гориво може да се намали на половина ако возите во четврта, а не во втора брзина со иста брзина. Додека автоматските менувачи од поновата генерација генерално сами ја избираат оптималната брзина, кај рачните менувачи зависи од вас.

Кога се приближувате на црвено светло, тргнете ја ногата од гасот и малку забавете ја брзината. Избегнувајте додавање гас до последен момент и потоа ненадејно сопирање.

Избегнувајте возење со брзина поголема од 130 km/h на автопат. Често, поради сообраќајниот метеж, сопирањето и забрзувањето, заштедата на време е занемарлива, додека потрошувачката на гориво значително се зголемува.

Отстранете го непотребниот товар од автомобилот. Секои дополнителни 100 килограми ја зголемува потрошувачката за околу 0,3 литри. Истото важи и за додатоците како што се кутиите на покривот и носачите за велосипеди, кои ја нарушуваат аеродинамиката на возилото и дополнително ја зголемуваат потрошувачката.

Конечно, не заборавајте за притисокот во гумите – дури и 0,2 бари подпритисок може да ја зголеми потрошувачката на гориво до 10 проценти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното