На врвот сме на уште еден топлотен бран, а иако август е при крај, високите температури не стивнуваат. И додека научниците ширум светот се загрижени за иднината на нашата планета, која пребрзо се загрева и бараат од светските лидери да преземат чекори за да го забават порастот на температурите, љубителите на хуморот успеаја да се пошегуваат од тоа.
На непозната локација на Корчула, се појави инсталација на која се гледа женска долна облека подредена по големина. Поставената инсталација на хумористичен начин го илустрира влијанието на глобалното затоплување врз животот на Земјата, а намалувањето на женската долна облека покажува дека температурите на Земјата стануваат повисоки.
Фотографија од оваа имагинативна инсталација е објавена на страницата Инстаграм Зелена Хрватска и оттогаш се шири на социјалните мрежи.