Како јајце на јајце: Елена Велевска и Адријана Кеш речиси идентични – оди познај која е која

Неодамна во медиумите се појави вест дека македонската фолкерка Елена Велевска по 10 години брак се разведува од својот сопруг. Па периодот кој следеше за Елена беше период на промени.

Пејачката во неколку наврати го промени својот изглед.

Имено, за краток период два пати ја бојадиса својата коса.

Краток период ја носеше црвената боја за потоа да ја бојадиса темно кафена.

Велат дека кога жените ја менуваат фризурата, тогаш им се случува нешто во животот, а во овој случај оваа теза се покажа како вистинита.

И нејзината колешка, фолк пејачката Адријана Кеш е во сличен фазон и стилски израз, а на некои од последните фотографии кои се најдоа на социјалните мрежи и тоа како наликуваат една на друга.

На прв поглед кога ја гледате Адријана, мислите дека е Елена и обратно.

 

 

 

Сличноста е очигледна, но прашање на време е кога Велевска ќе направи и изненади со нешто ново на себе, додека Кеш е препознатлива токму во оваа бринета варијанта.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното