Како ќе функционира „Сејфт сити“: Ќе се добиваат казни и за поминување на жолто!

Ако на таблата пишува 50, а вие возите 80, или ако семафорот веќе е жолт, а вие продолжите да возите, казната нема да изостане.

Ќе добиете порака и ќе ја најдете во поштенското сандаче.

Сепак, тука ни врските нема да ви помогнат односно нема да можете да побарате помош од пријатели, бидејќи бројот за контакт со системот не постои.

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, за Алфа вели дека камерите од системот „Сејфт Сити“ ќе следат околу 100 булевари, крстосници и улици.

Како што додава, 90% од инсталацијата е завршена, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го доврши системот „Безбеден град“.

„Главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео-надзорот се поминување на црвено и прекорачена брзина. Никој нема да може да избегне казна ако не ги почитува сообраќајните правила“, вели Топаловски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното