Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград апелираа до граѓаните да не ги оставаат необезбедените возила со клучот во бравата за палење, бидејќи сторителите на кривични дела го искористуваат нивното невнимание и ги одземаат, соопшти МУП.
Предупредуваме дека на овој начин се украдени повеќе од половина од вкупниот број возила украдени во Белград од почетокот на годинава“, се наведува во соопштението.
За осум месеци од 2023 година на територијата на Полициската управа за град Белград биле украдени 116 возила, што е за околу 28 отсто помалку во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период годинава украдени се дури 61 возило бидејќи сопственикот го оставил клучот во бравата, стои во објавата.
Исто така, полицијата апелира до граѓаните на моторните возила да им обезбедат механичка или електронска заштита согласно нивните можности.