Цело Кочани денеска е на улица каде бара правда за пожарот кој што се случи во Кочани.
Бараат одговорност за смртта на 59 лица. Граѓаните викаа „убијци“ по улиците, а дојдоа и до општината каде фрлаа камења по зградата.
Удираа и по вратите и прозорите, и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да се појави.
Како потсетување, Папазов воопшто не излезе во јавноста, но утрово преку Фејсбук си поднесе оставка.