Камерата поставена кај отруените коњи не снимала, прегорела од невремето!

Обдукциските наоди за двата пржевалски коњи во ЗОО Скопје покажале дека животните се отруени со брзоделувачки отров, и се трага по сторителите, објавија од зоолошката градина во Скопје.

Тие истакна дека го осудуваат срамниот и кукавички чин, а била поднесена и официјална кривична пријава. Се проверуваат и камерите.

Токму камерите кои снимале во делот каде се наоѓале коњите, во тој период биле прегорени, објави Фокус.

Според нивниот извор, по неодамнешното невреме кое го зафати градот, токму тие камери прегореле.

Околу тоа дека во Зоолошката има голем број на безбедносни камери, веднаш по угинувањето на коњите и поранешниот директор Ѓорги Галетановски ни потврди дека за време на неговиот мандат се обратило посебно внимание околу тој дел, и речиси насекаде просторот бил покриен со видео надзор.

Извор: Фокус

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното