Вчера во доцните попладневни часови се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај Јасички мост, во непосредна близина на Крушевац, Србија.
Камион со приколка со регистарски таблички од Македонија, кој превезувал грозје во гајби, се занесол и го превртел товарот од приколката.
Возачот на камионот, државјанин на Македонија, не бил под дејство на алкохол. Тој не е повреден и се чувствува добро.
Сообраќајната полиција од Крушевац изврши увид, а сообраќајот на оваа главна сообраќајница за тоа време беше во застој, јавуваат тамошните медиуми.
Надлежните органи ќе ја утврдуваат причината за оваа сообраќајна несреќа која се случи на одличен терен и идеално време за возење.