Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за медиумите упати навреда кон македонскиот премиер Зоран Заев истакнувајќи дека „по стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“
Тој додаде дека тоа дали му верува или не, нема никакво значење затоа што претпочита веќе да не верува на декларации и интервјуа, а да гледа што се прави.
Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја.
The post Каракачанов: „По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“ (ВИДЕО) appeared first on TV21.mk.

