Касами му даде поддршка на Менди Ќура!

Претседателот на движењето БЕСА, Биљал Касами денеска му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќура.

„Поддршката ја даваме за кандидатот кој дојде како предлог од стружани и не може да биде поинаку освен ние како ВЛЕН да го поддржиме, затоа што цениме дека на Струга и треба кандидат како Менди Ќура, кој претходно како бизнисмен придонесуваше за подобрување на животот на стружани. Цениме дека како градоначалник на Струга ќе го компензира тоа што во минатото не го направија претходните градоначалници“, изјави Касами.

Ќура изразил благодарност за поддршка од Касами, посочувајќи дека тоа е доказ дека промената што започнала во Струга веќе ги надминала партиските граници.