Кашмирски сафир од 27 карати, вметнат во прстен од платина и жолто злато и обрабен со двоен кружен слој дијаманти, достигна цена од 2,1 милион евра на аукција во Монако.
На два до три милиони евра беа одредени и првичните проценки.
На наддавањето во „Кафе де Пари“ почетната цена била 1,7 милиони евра, а седум купувачи, по телефон, се натпреварувале сѐ до конечниот удар на чеканчето на лицитацијата.
Наддавањето го спрведе аукциската куќа „Отел де Вонт де Монте Карло“ (ХВМЦ).
