Ќе се реконструира ГОБ „8-ми Септември“ – Мицкоски: Малку е непристојно некој да оперира, а одозгора да му тече ако заврне

ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра од ТАВ проектот.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски кој додаде дека болницата ќе биде опремена по европски стандарди, со најсовремена апаратура.

Како што вели, ќе се реновираат неколку хируршки сали, но и кровот.

„Сега некој оперира, а одозгора му тече ако заврне. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетици години наназад. Ние тоа го видовме и благодарение на заедничката акција на министерот за здравство, министерот за транспорт, луѓето од ТАВ и директорот на „8-ми Септември“, завршивме се. Се е и административно потврдено, поминато е на Влада и договорите се потпишани. Оваа недела очекувам медиумите да дознаат повеќе детали. Ќе имаме европски услови во таа здравствена установа. Неколку хируршки сали, мислам дека се седум, ќе бидат европски конкурентни, со најсовремена апаратура и стандарди, а истовремено ќе се реновира и реконструира кровот зашто протекува, информира Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното