Келнерите и гостите се испотепале за фискална сметка во кафеана во Битола

Вистинска драма за фискална сметка се одвивала во угостителски објект во Битола.

38-годишната С.Ј. на 2 август во 21.15 часот во Секторот за внатрешни работи Битола пријавила дека истиот ден околу 21 часот во угостителски објект во месноста „Пешна“ во Македонски Брод најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка околу фискална сметка.

Во расправијата учествувале лицата Ј.И.(25) и П.Н.(23) од една страна и персоналот од угостителскиот објект Д.Ј., И.Д., Д.Н. и Т.Н. од друга страна, по што дошло до тепачка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното