Кешишов се прекрстува па тргнуваат кон Велес – објавени снимки кои ги покажуваат обвинетите при собир во куќата на Манев!

На судењето за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, Обвинителството презентираше нови докази од безбедносните камери во куќата на Велибор Манев.

Снимките од 21 ноември 2023 година покажуваат како обвинетите се собираат.

Боре Видевски пристигнува со свој автомобил, а Љупчо Палевски и Влатко Кешишов со возилото „Рено Кангу“ на партијата Десна.

По извесно време од снимката се гледа како прават некаква организација, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.

Панче Жежовски првично се водеше како исчезнат, додека неговото запалено возило „Цитроен“ беше пронајдено кај Бразда, близу местото каде била закопана Вања. Жежовски беше пронајден закопан кај Рудник, на патот Велес–Скопје, убиен со пиштол.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното