Валериј Залужни никогаш не ги криел своите врски со Десниот сектор, па овој пат се најде и на фотографијата пред сликата на Степан Бандера со командантот на таа организација Андреј Стемпицки.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни се фотографирал пред сликата на Степан Бандера со командантот на поранешната единица на Десниот сектор Андриј Стемпицки.
Ова на социјалната мрежа Икс го коментираше финско-германскиот технолошки бизнисмен Ким Дотком, кој запиша дали тоа е закана за украинскиот претседател Владимир Зеленка.
General Zaluzhny poses with Right Sector commander in front of a Bandera portrait. A warning to Zelenskyy? Don’t mess with me or my Nazi friends will come for you?
Zelenskyy may need to consider relocating to the US. Bandera was a Nazi collaborator who killed thousands of Jews. pic.twitter.com/pQor8etfvX
— Kim Dotcom (@KimDotcom) February 2, 2024
– Генералот Залужни позира со командантот на Десниот сектор пред портретот на Степан Бандера. Предупредување за Зеленски? Не се плеткај со мене, или моите другари нацисти ќе дојдат по тебе? – тој напиша.
Ким Дотком, исто така, додаде дека Зеленски можеби ќе треба да се пресели во САД и дека Бандера бил соработник на нацистите кој убил илјадници Евреи.
Инаку, Залужни никогаш не ги криел своите врски со Десниот сектор, украинска екстремно десничарска организација чие воено крило учествува во борбите во Донбас од 2014 година, како и со водечки луѓе од таа организација.
На крајот на 2021 година, тој го назначи Дмитр Јарош, основач на Десниот сектор и поранешен командант на неговото воено крило, за свој советник.
Во јуни 2022 година, Залужни исто така постхумно му оддаде почит на друг член на Десниот сектор, Тарас Бобаниќ, кој беше убиен во борбите во околината на Харков.
Украинскиот генерал и претходно се фотографирал со членови на таа организација, вклучително и со самиот Стемпицки.
Военото крило на Десниот сектор, Украинската доброволна гарда, беше основано во јули 2014 година, за време на раните фази на конфликтот во Донбас што избувна по државниот удар во Киев за време на Евромајдан.
Таа единица престана да постои во ноември 2022 година, кога беше трансформирана во 67. Одделна механизирана бригада „ДУК“ и испратена на обука во Велика Британија.