Свет

Киев: Во руската инвазија досега загинаа 18 медицински работници

Киев: Во руската инвазија досега загинаа 18 медицински работници

Украинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 18 медицински работници се убиени, а речиси 900 медицински установи се оштетени или уништени за време на руската инвазија врз Украина, која влезе во шестиот месец.

Министерството за здравство на својот Фејсбук профил објави дека од 24 февруари и почетокот на руската воена операција, повеќе од 50 медицински работници се ранети во руските напади.

Во соопштението се наведува и дека 123 медицински установи во Украина биле целосно уништени за време на инвазијата, додека 746 имаат потреба од интервенција и поправка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни