Кога е идеално време за интимни врски?

Студијата од 2018 година објавена во научното списание „Frontiers in Psychology“ го истражуваше влијанието на времето врз интимните односи и откри значајни разлики меѓу половите. Според оваа студија, жените обично се најрасположени за водење љубов во вечерните часови, додека либидото кај мажите обично е најизразено наутро. Ова го наметнува прашањето како да се координира времето за интимни односи со партнерот и кој е идеалниот тајминг за нив.

д-р. Мајкл Слос забележува дека интимните односи пред спиење не се лоши, но дека повеќето луѓе тогаш можат да се исцрпат. Кога сте премногу уморни, постои шанса да немате доволно енергија за активности во кревет.

Од друга страна, терапевтот за интимни односи, Лиза Томас, истакнува дека за повеќето луѓе интимните односи се начин за намалување на напнатоста и дополнително опуштање. Таа истакна дека и утринската интимност има свои предности.

„Додека спиете навечер, вашето тело работи на складирање на хормони. Откако ќе се разбудите, имате повеќе енергија и креативност за пријатно водење љубов“, објасни таа.

Исто така, истражувањето на швајцарските лекари покажало дека сперматозоидите се најактивни наутро и дека најдобро време за зачнување е околу 7:30 часот наутро. Тие го откриле ова со анализа на спермата на повеќе од 7.000 мажи на возраст од 25 до 40 години.

Освен тоа, експертите од Универзитетската болница во Цирих преку истражување откриле дека концентрацијата на машката сперма е најголема во текот на пролетта, особено во март, април и мај.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното