Пратеник, министер без ресор, градоначалник, директор и „сопственик“ на четири кривични пријави. И што ли уште не во биографијата на Рамиз Мерко, кој реализира четврти мандат во општина Струга. Жителите уште го викаат и Ангела Меркел. Троши по 78 илјади евра пари на граѓаните за службени автомобили марка „Ауди“, бидејќи за патување во нова „Шкода“, вели „не е тоа тоа“.
Рамиз Мерко е роден 1957 година во Струга, каде завршил основно и средно образивание. Дипломирал и магистрирал по што стекнал и знање доктор на науки. Мерко беше градоначалник на Струга и професор на меѓународниот универзитет во Струга.
Во неговата биографија се запишани и функциите, пратеник во Собранието, раководител на производство во земјоделски фалсификат, виш референт во Агенцијата за развој на земјоделството, управител на приватно-семејна земјоделска аптека и раководител на Фондот за здравство во Струга.
Уште при неговиот избор на министер, јавноста пишуваше дека тој се поврзува со голем број на кривични пријави. До моментов ги има вкупно четири. Но тоа воопшто не е проблем за неговата политичка кариера.
Во 2012 година струшката полиција има поднесено кривична пријава против Мерко поради тоа што во 2010 година издал одобрение да се постави урбана опрема, односно монтажен шанк во Струга, на брегот на Охридското езеро. Но наместо монтажен шанк, фирмата изградила објект од тврда градба со поголема градба, а општината не направила контрола.
Следната година и покрај тоа што Министерството за култура донело одлука таа парцела да се стави под привремена заштита како културно наследство, Мерко издал ново одобрение на сопственикот.
За „заслугите“ на Рамиз Мерко има говорено и поранешниот градоначалник на Струга Зијадин Села. Според него во периодот кога Мерко го водел градот, ја има злоупотребено службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет. Со што го оштетил буџетот на општината за над 70 илјади евра.

Пред една година пак Рамиз Мерко изјави дека питачите кои доаѓаат во Струга ќе бидат депортирани. За оваа скандалозна изјава на Мерко реагираше и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која побара градоначалникот да се извини во најмалку три медиуми.
Тоа не беше се. Годинава започна со уште една скандалозна изјава. Третирајќи го проблемот со кучињата скитници, градоначалникот во изјава за медиумите порача истите да се колат исто како јагнињата. Во друга изјава пак рече дека немал време, инаку ќе ги испотепал кучињата низ Струга.
- МЕРКО: КОГА МОЖЕ ДА СЕ КОЛАТ ЈАГНИЊА, ЗОШТО НЕ И КУЧИЊА?
- РАМИЗ МЕРКО НЕМАЛ ВРЕМЕ, ИНАКУ ТОЈ ЌЕ ГИ ИСПОТЕПАЛ КУЧИЊАТА НИЗ СТРУГА, А НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ НИТУ ОТРОВ
Минатата година тој го започна и неговиот четври мандат. Како кандидат на ДУИ, Мерко добиваш пофални зборови од актуелни министри и вице-премиери.
„Рамиз Мерко е добар градоачалник и за Македонците, и за Албанците, и за Турците и за Ромите. Тој ќе биде новиот кандидат за уште еден мандат за Струга за локалните избори на 17 октомври. Убедени сме дека Рамиз Мерко ќе победи и дека ќе продолжи успешното менаџирање со општината“, рече првиотвицепремиер Груби.
Во врска со кривичните пријави против Мерко, Груби вели дека тие не значат дека Мерко е виновен.
„Пријави има против премиер, против други политичари. Не значи дека е виновна личноста, туку напротив ние сме јавни личности и сме на тапет“ – рече Груби пред една година.
Годинава неговиот син се поднови и со нов автомобил.
„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.
Опозицијата постојано го критикува градоначалникот и неговата работа.
Во 2017 година пак, тогаш како министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, при контрола Државниот Просветен Инспекторат утврди дека без нострифицирана диплома за завршени докторски студии, Рамиз Мерко бил избран за доцент, а потоа и вонреден професор на Меѓународниот Универзитет во Струга.
Во 2019 година Антикорупциската комисија бараше да се поведе Кривична постапка против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Причината е незаконско работењето во кое е и набавката на 4 автомобили во вкупна вредност од околу 120 илјади евра, од кои и луксузното ауди со вредност од околу 67 илјади евра.
Мерко се откажа и од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапи на Владата.
- Журнал: Општина Струга ги отстапува надлежностите на Владата
- Градоначалникот на Струга ја отвори дивоградбата на советникот Усеини од ДУИ во Охрид
Во 2019 година Општина Струга од својот буџет одвои 114 илјади евра за набавка на четири автомобили од типот „Шкода“ и „Ауди А6“. Новиот службен автомобил со кој ќе се вози градоначалникот Рамиз Мерко чини 66.700 евра. За „Шкода Октавија“, лимузина со пет седишта издвоени се 18.700 евра, а двете „Шкоди Рапид“, исто така лимузини со пет седишта, ќе ја чинат општната по 14.205 евра. Мерко, вели дека овие возила се купуваат за нормално функционирање на општинската администрација.
„Приближно, не ме држете за збор, околу 114 илјади евра. Ова беше навистина потребно, бидејќи возилата што ги имавме во моментот се стари. Не беа функционални 6-те автомобили кои ги имавме. Поради тоа моравме да купиме нови автомобили и тоа три „Шкоди“ и едно „Ауди А6“. Тие беа набавени со тендер, отворен во 2018 година и истиот се затвори годинава. Од декември па наваму на располагање имаме четири автомобили, а за старите автомобили беше отворен тендер за нивна продажба“, изјави Рамиз Мерко – градоначалник на општина Струга.
Како потврда на работата на градоначалникот на Струга и кривичните пријави е денешната одлука на САД за забрана за влез на целото семјество на Рамиз Мерко во САД.
„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“, велат од Амбасадата на САД во РСМ.