Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ денеска упати поддршка за маршот најавен за 8-ми март сабота.
Како што велат, молкот на системот го охрабрува насилникот
„Безбедноста не смее да биде привилегија – таа е основно човеково право. Ако градот не е дизајниран за нашата сигурност, тогаш тој не е наш. Ги гледаме последиците од институционалната негрижа: бесконечно долги судски процеси, полиција што нема јасни протоколи за постапување, насилници кои минуваат неказнети, додека жртвите се соочуваат со стигматизација, изолација и дополнителни правни и социјални бариери.
Секој има право да се движи без страв – без разлика дали се враќа од работа, од излегување или е на обична прошетка. Но, наместо да се чувствуваме безбедно, ние прифаќаме совети како „оди по осветлени улици“, „јави се некому додека одиш“, „држи клуч во рака“. Секогаш вината се префрла на жртвата, а не на насилникот. Државата мора да преземе одговорност! Безбедноста во градот е обврска на системот, а не задача на жртвите.
Затоа, бараме:
• Сеопфатна поддршка за сите жртви – без разлика на нивниот социјален, економски, културен или образовен статус.
• Град кој не произведува страв, туку гарантира безбедност.
• Реформи во институциите, полициските процедури и судските постапки.
• Јасна и доследна имплементација на законите и меѓународните конвенции.
🚨 Го поддржуваме Маршот за 8 Март, кој ќе се одржи во сабота во 13:00 часот, пред Универзална сала.
ЗА ДА НЕМА СЛЕДНА!“, велат од таму.