Управниот одбор на „Стопанска банка Битола“ добил известување од „Алта Груп“ ДОО Београд дека има намера да даде понуда за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка Битола“. Понудата за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка Битола“ ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција, објави Блумбер Адриа.
Во рамките на „Алта груп“ функционираат „Алта банка“, институцијата за електронски пари „Алта пеј“, „Алта лизинг“ и „Алта менувачници“. Станува збор за групација зад која стои српскиот бизнисмен Давор Мацура.
Ова е втор обид за преземање на „Стопанска банка Битола“ за помалку од една година.
„Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање. Во однос на странското одобрение, доколку надлежната институција за давање на странското одобрение отфрли или одбие издавање на соодветно странско одобрение, или не го издаде во рок од 12 месеци од објавата на намерата за преземање, ‚Алта Груп‘ ДОО Београд ќе извести соодветно согласно член 26-а, став 6 од Законот за преземање на акционерски друштва“, наведуваат од банката.
