Ако сакате да замрзнувате храна или да ја чувате во фрижидер, веројатно добро ќе ви дојде информацијата за тоа што се можете да замрзнувате и колку долго можете да ја чувате така, а да не се доведе во прашање квалитетот на истата.
FoodSafety носи совети во врска со тоа како правилно треба да ја чувате храната во фрижидерот и замрзнувачот.
Можеби ќе ве изненади колку некои намирници можат да останат во фрижидер, а да не станат сомнителни по нивниот квалитет.
Салати од туна, со јајце или тестенини
Овие салати одлучни се додека се ладни, но немојте во фрижидер да ги чувате подолго од 3 до 5 дена. Немојте да ги замрзнувате.

Отворено пакување виршли
Во фрижидер може да стојат до недела дена, а нив можете и да ги замрзнете. Така замрзнати во замрзнувач тие можат да стојат и до два месеци.
Неотворено пакување виршли
Ако сте купиле пакување виршли и само сте ги оставиле во фрижидер без да ги отворите можете да ги чувате две недели, а во замрзнувач еднакво како и оние што се отворени, односно до двва месеци.Исечкана салама
Месните деликатеси како саламите кои не се во оригиналното пакување туку се отворени можете да ги ччувате во фрижидер три до пет дена. Можете исто така и да ги замрзнете и така да ги чувате до два месеци.
Неотпакувано пакување на салама
Во фрижидер така саламата ќе издржи до две недели, а во замрзнувач како и отвореното пакување до два месеци.

Сланина
Сланината можете да ја чувате во фрижидер до една недела. Доколку не сте сигурни дали сакате да ја чувате во таква состојба, можете и да ја замрзнете и така да ја чувате до еден месец.
Сирови колбасици
Препораката е нив веднаш да гги подготвите за јадење, а најдоцна во рок од два дена. Во замрзнувач пак можете да ги чувате и до два месеци.
Мелено месо
Меленото месо, без разлика за каков вид на месо се работи, исто така треба брзо да го припремите затоа што во фрижидер може да стои само до два дена пред да го изгуби својот квалитет и да се расипе. Ако не сте сигурни дали ќе стигнете да го подготвите за толку краток рок можете да го замрзнете и так да го чувате од 3 до 4 месеци.

Нарезак
Свежиот нарезак во фрижидер може да стои три до пет дена, а ако го замрзнете можете да го чувате и до година дена и сеуште да бидат добри за конзумација.
Пилешко или мисиркино
Цело пиле или цела мисирка можете да чувате во фрижидер до два дена, потоа квалитетот на месото станува сомнителен. Можете да ги замрзнете и така да го продолжите рокот на употреба и до година дена. Ако ги замрзнете исечканите делови, како што е батакот, карабатакот, крилцата и слично во замрзнувач можете така да ги држите до 9 месеци пред употреба.
Супа
Без разлика на тоа што има во нив, тестенини или месо или и двете, супите немојте да ги јадете откако во фрижидер отстојале подолго од 4 дена. Ако ги замрзнете, можете да ги чувате и до 4 месеци.
Печено месо
Печеното месо можете да го чувате во фрижидер до 4 дена, а во замрзнувач до 6 месеци.

Пица
Ако сте од оние кои можат пицата да ја јадат и откако ќе се излади, во фрижидер можете да ја чувате и до 4 дена, а во замрзнувач до 2 месеци.
Јајца
Свежите јајца можете да ги чувате во фрижидер до 5 недели, а нив не ни помислувајте да ги замрзнете. Доколку баш морате тогаш искршете ги и сите заедно замрзнете ги.
Сварено јајце
Тврдо сварено јајце најчесто останува во фрижидерот во деновите по Велигден. Така можете да ги чувате без ризик по здравјето до недела дена, но никако немојте да ги замрзнувате.
Подготви: Наталија Јосифоска