Синоќа победата на Евровизија 2025 ја извојува претставникот на Австрија Јоханес Пјч, попознат како ЏеЈ, кој се натпреваруваше со песната „Wasted Love“ и како награда доби стаклен трофеј во форма на микрофон.
Имено, малкумина знаат дека единствената награда што ја добива победникот на Евровизија 2025 е стаклен трофеј во форма на микрофон, а само земјата на која победникот ѝ ја донесе победата може да одлучи дали да го награди својот претставник.
Австрија победи и на Евровизија во 2014 година кога на сцената се појави Кончита Вурст.
Потоа таа беше наградена од австриската влада со парична награда од 2,5 милиони евра.
Австрија е убедлив победник на Евровизија 2025, и според одлуката на жирито и според гласовите на публиката.
23-годишниот уметник од австриско-филипинско потекло, познат по сценското име Џ.Ј. и вистинското име Јоханес Пич, можеби им е познат на гледачите во Велика Британија и по појавувањето во „The Voice“ во 2020 година.
Песната ја напишала Србинка.
Победникот на Евровизија во својот тим ја има и Теодора Шпириќ, која е еден од авторите на песната, но и креативен директор на тимот.
Теодора е родена во Виена на 12 април 2000 година, по потекло е од Србија и има и австриско и српско државјанство. Таа е позната и на домашната публика по нејзиниот настап на Евровизија 2020, кога стигна до финалето со песната „Judgment Day“ и го освои 10-то место.