„Колку време треба да чекам за „Трикафта“, постапете како да сум ваше дете“, вели пациент со цистична фиброза

„На никого не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите“, пишува Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза.

Тој на својот Фејсбук профил додава дека тоа е крајно понижувачки.

Обраќајќи се до премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски, Пехчевски прашува уште колку време треба да чека за лекот „Трикафта“ и за пристојно работно место.

„Постапете како да сум ваше дете“, порача тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното