„Комерцијална банка“ оствари добивка од 71,9 милиони евра за девет месеци

„Комерцијална банка“ во периодот јануари-септември годинава оствари добивка од 4,4 милијарди денари (71,9 милиони евра), што е зголемување за 45,1 проценти во однос на истиот период минатата година кога добивката на банката изнесуваше околу три милијарди денари (49,5 милиони евра), покажува неревидираниот биланс на успех на банката објавен преку Македонската берза.

Од банката информираа дека планираната бруто-добивка заклучно со третиот квартал од 2024 година е остварена со 139,3 проценти.

„Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 36,4 проценти поголема во однос на истиот период минатата година“, соопшти банката.

Оттаму објаснуваат дека зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето приходи од камата, а во помал обем и поради зголемените нето приходи од провизии и надомести и нето приходи од тргување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното