Коњановски: Заедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека со заедничко размислување, пишување и работа се креираат решенија кои го подобруваат секојдневниот живот.

„Една од најголемите иницијативи што ја понудија граѓаните е адаптирање на Хотелот Битола во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат,“ истакна Коњановски.

Меѓу приоритетните предлози од граѓаните се обезбедување бесплатен оброк за децата од 1-3 одделение, ученички униформи за учениците од 1 до 5 одделение, летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивите објекти и гаражи, особено во Нова Битола.

Коњановски нагласи дека вистинскиот избор е кога проекти се создадени од граѓаните и за граѓаните, кога заедничкиот труд и идеи стануваат реални решенија кои го менуваат секојдневието.

„Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието,“ заклучи Коњановски.