Македонија

Кондарко за ТВ21: Сè уште во ДИК чекаме одговор од Деркоски, очигледно повеќе комуницира со медиумите наместо со нас!

Членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко во вклучувањето во живо во вестите на ТВ21 во 19.00 часот рече дека сè уште чекаат одговор од Оливер Деркоски откако денеска покренаа иницијатива за седница.

„Се уште чекаме одговор , очигледно претседателот повеќе комуницира со медиумите, отколку она што му е работа со членовите во институцијата. Ниту дојде ниту ни се јави“, вели Борис Кондарко вза ТВ21.

Деркоски пак претходно за ТВ21 рече дека додеа не добие решеие од страна на претседателот на Собранието со нов датум за избори, нема да свика седница.

Претседателот на Собранието пак е дециден во својот став, вели ќе чека договор на политичките партии за датум за избори, а потоа ќе ја исполни својата обврска.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни