Кос: На Балканот постојат три тажни приказни, меѓу кои и Македонија!

Од Прага, европската комесарка за проширување Марта Кос изјави за „Радио Слободна Европа“ дека Косово, Северна Македонија и БиХ претставуваат тажни примери во процесот на приближување кон Европската унија.

Европската комесарка за проширување кажа дека Црна Гора и Албанија во моментов се најблиску до членство на ЕУ, додека на Балканот постојат три тажни приказни, меѓу кои и Македонија.

„Косово е тажна приказна затоа што не може да тргне понатаму. Втора тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, кога со Украина би чекале онолку колку што со Северна Македонија чека на почеток на преговорите, Украина тогаш би почнала со преговори 2045 година. И тука е Босна и Херцеговина“, изјави Кос.

Таа кажа дека Словенија откако станала членка, значително се променила на подобро.

„Бев во Словенија, и тој регион во некои аспекти е многу подобрен од пред 20 години, односно пред Словенија да стане членка на ЕУ“, изјави Кос.

За Србија рече дека деновиве ќе се сретне со новиот премиер и ќе има разговори околу интегративниот пат.

Кос изјави дека со новиот претседател се сменила геополитичката мапа на светот.

„Кога бев кандидатка за комесарка и сега се променија многу работи. Проширувањето сега е поинакво отколку пред пет години. Многу се промени во последните месеци, со изборите во САД се промени геополитичката состојба. И денеска на прошиурувањето се враќаме на основите поради која ЕУ е основана, а тоа е поради сигурност и мир. Не смееме да потрфлиме во процесот на проширување“, изјави Кос.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното