Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде брза и ефикасна и најпрофесионално изведена

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска уверува дека истрагата за пожарот во Кочани ќе биде брза, ефикасна и најпрофесионално изведена.

Тој вели дека мора да се соберат сите докази и затоа обвинителскиот тим постапува многу претпазливо.

„Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе биде брза и ефикасна. Меѓутоа не значи дека ќе биде избрзано. Мора да се соберат сите докази по легален пат, мора доказите да си имаат доказно својство, односно да бидат на законит начин прибавени, што значи дека обвинителскиот тим постапува многу претпазливо, и многу внимателно“, рече Коцевски за телевизија Сител. 

Нагласува дека се работи за сложен, тежок комплициран предмет каде што има многу жртви.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното