Коцевски нема да даде оставка – „Ќе се повлечам само ако се утврди сериозна дисциплинска повреда“

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе даде став по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Тој нагласи дека ќе постапи според Законот за јавно обвинителство и дека, доколку се утврди сериозна дисциплинска повреда, сам ќе се повлече.

„Одлуката ја оставам на политичарите. Работев и ќе работам според законот. Ако условите за разрешување се исполнети, нека ме разрешат, но ако не се, јавноста ќе суди дали постапката е законска,“ изјави Коцевски.

Тој додаде дека нема да коментира политички одлуки, вклучително и барањето на премиерот Христијан Мицкоски да се повлече.

Во врска со обвинувањата за судир на интереси, Коцевски нагласи дека не постапува во предмети, туку има менаџерска улога во обвинителството.

Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за негово разрешување, а денеска на седница го разгледува мислењето на Министерството за правда. Од Министерството соопштија дека биле регистрирани неправилности, корупција, неефикасност во кривичното гонење и нарушување на принципите на обвинителската самостојност.

Коцевски беше избран за државен јавен обвинител во февруари 2023 година, со мандат од шест години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното