Коцевски со детали: Се бара притвор за 10 лица, немало хидрантска мрежа, а ни доволен број на ПП апарати

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва информираше дека ЈО ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар.

Како што вели, од увидот е утврдено дека објектот немал хидрантска мрежа, односно ималo само два ПП апарати, додека вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна.

„Објектот немал хидрантска мрежа, ниту хидрант. Немало доволен број на ПП апарати, односно имал само два. Немал две излезни врати, туку само една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, која била заклучена и без квака од внатрешната страна и обложена со гипс картон и звучна изолација. Немало пристап од две страни за ПП возила, согласно правилник за пожари, внатрешноста на објектот бил обложен со гипс картон, но не бил со огноотпорни својства, немало спуштен таван со огноотпорни својства, немало врати со противпожарна отпорност, ниту пак систем за кочење на вратите и известување на присутните за пожар. Истата била и непрописно обложена со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри без соодветна дозвола и без друштво со овластување за палење на пиротехничките материјали“, изјави Коцевски.

Се работи за регистриран деловен објект за лесна индустрија и не е извршена пренамена во угостителски објект. 

„И покрај тоа што за објектот нема пренамена за работа како угостителски објект, истиот има дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, информираше Коцевски.

Тој додава дека немало писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното