Во гостувањето во емисијата „Раната Пулс“ на 4ТВ, поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски откри дека собраните докази во актуелните истраги отвораат сомнежи за низа други кривични дела.
Тој појасни дека при анализата на одземените електронски уреди кај повеќе лица, не се пронајдени индиции само за случајот „Кочани“, туку и за други прекршувања на законот.
Иако дел од овие дела можеби се од помал обем, Коцевски нагласи дека целиот сплет на околности ја отсликува загрижувачката слика за тоа до кој степен е нарушена функционалноста на системот.
