Вечерва за 80 илјади евра од Скопје започнува караванот на Владата „Ние сме Европа“ на која прв се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Тој се спореди со шпанскиот хомолог и најави нова Влада идната година.
„Пред изборите во Шпанија, противниците на премиерот Педро Санчез кој е социјал-демократ исто како мене се фалеа со двоцифрено водство, за сега после изборите Педро Санчез повторно составува Влада, така ќе биде и кај нас до година“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски рече дека после долго време конечно во Блед било потенцирано дека има конкретна одредница за проширување на ЕУ до 2030 година.
„Тоа е истата година за која ние велиме дека Северна Македонија ќе биде подготвена. Сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети страни кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ. Да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност од поранешна Југославија кои исто така не сакаат да ја видат државата во ЕУ“, додаде Ковачевски.
Вечерашната тема на панелот е економијата. Премиерот рече дека во Македонија во моментов стапката на невработеност е најниска, а како доказ за тоа ги посочи билбордите за работа.
„Доколку се движите по автопат, ќе ги видите билбордите на кои се бараат работници. Ако пршате во стопанските комори, ќе ви кажат дека компании бараат дозвола за увоз на работна сила, бидејќи кај нас платите се зголемени, а невработеноста е на најниско ниво“, дециден беше Ковачевски.
