Ковачевски по средбата со Ескобар: Нов договор нема да има, ниту пак има можност за репреговарање на преговарачката рамка

Со Ескобар разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот евроинтеграциски пат, за успешниот тек на скрининг процесот и процесот за отпочнување на уставни измени кои покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европска иднина и продолжува со евроинтеграциите. Ова на прес конференција го изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„САД биле и се и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ. Во оваа прилика сакам да истакнам благодарност за придонесот на САД во сите овие процеси како и личните заложби на Ескобар, како за развојот на С. Македонија така и унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан“, додаде Ковачевски на прес конференцијата во Влада со Габриел Ескобар.

Тој додаде дека преговарачката рамка која е основа за преговори со ЕУ документи одобрен од сите земји членки на ЕУ поддржан и од стратешките партнери на Македонија.

„Таа содржини услови кои ние треба да ги исполниме. Нов договор нема да има, ниту пак има можност за ре преговарање на преговарачката рамка како што некои политичари истакнуваат, но гледам дека таа реторика во последно време се помалку ја користат, после сите деманти кои ги добија од високите претставници од Брисел и земјите членки односно нивните лидери“, додаде Ковачевски.

Во однос на Бугарија Ковачевски додаде дека проблемите се билатерални и истите нема да влијаат на процесот на евроинтеграција.

„Нови барања согласно преговарачката рамка не може да има и секогаш ќе ја имаме поддршката од нашите пријатели во делот на транспарентноста како и сите процеси кои се водат. Јасна е пораката од САД која ја добивме, по членството на НАТО треба С. Македонија да стане дел од ЕУ. Тоа е наша единствена алтернатива, бидејќи тоа е барање и на граѓаните“, заклучи Ковачевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното