Ковачевски: Во буџетот за идната година, јас лично ќе се потрудам да бидат обезбедени сите учебници бесплатно

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека во буџетот за идната година, тој лично ќе се потруди да бидат обезбедени сите учебници бесплатни за учениците.

Тој ги повика и учениците да ги чуваат тие учебници.

„Треба да се обезбедат бесплатни учебници, според закон тоа треба да биде но никогаш откако е донесен законот, не било направено. Веќе во буџетот има средства кои ќе бидат наменети практично за издавање и штампање на учебниците во средно училиште, а во буџетот за идната година јас лично ќе се потрудам да бидат обезбедени сите учебници бесплатно и повикувам дека сите ученици треба да се грижат за тие учебници бидејќи тие не се за употреба само една школска година“, вели Ковачевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното