Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека го радува фактор дека ставовите коишто се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка во партијата Алијанса за Албанците, но во моментов не се разговара за конкретна соработка околу приклучување кон Владата.
„Секогаш сакам да функционирам на основа на факти и на политички програми и вредности. На лидерската средба партиите можеа да ги искажат своите ставови во однос на најкрупните прашања. Разговаравме за економската криза, уставните измени, на законите кои опозицијата ги блокира Можам да кажам дека најголем дел од партиите се за продолжување на европскиот пат и исполнување на нашите обврски“, рече Ковачевски.
Според него, има една или две политички партии коишто не се толку заинтересирани за европскиот пат на земјава.
„Јас нема да ги кажувам, нивните лидери треба да ги кажат, бидејќи сметам дека после лидерска средба, секој лидер треба тоа да го каже. Добро е што седнавме, има разлики со две партии, но кога ќе се седне и разговара, тогаш сметам дека постојат можности за зближување на ставовите. Во однос на Алијанса на Албанците, која во својата програма и своите јавни настапи има добар дел ставови кои се прогресивни во делот на продолжување на европскиот пат и борбата против корупцијата и владеењето на правото, но во моментов не се разговарало за конкретна соработка околу приклучување кон Владата. Ме радува дека ставовите кои што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка во партијата Алијанса за Албанците“, порача премиерот.