Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот!

Преку Твитер се обрати и поранешниот министер за надворешни работи и потписникот на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас. Тој напиша дека разговарал телефонски со Заев и Никола и се потсетиле на тешките моменти.

„Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежите што ги имавме, работејќи на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот. Историјата мора да биде лекција, а не затвор”, напиша на Твитер поранешниот министер за надворешни работи на Грција – Никос Коѕијас.


Извор: ТВ21