Коѕијас: Во наш интерес е ПЈРМ да се стабилизира

Никос Коѕијас за време на неговиот говор од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, осврнувајќи се на прашањето за името, преговорите и решението меѓу двете се запраша дали Грција сака  најблискиот сосед да се  дестабилизира и да се подели оваа земја меѓу Бугарија и Албанија?

Или како што рече сакаме да имаме стабилност на Балканот. Според него Русија смета и не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО. “Ако самите сакаат да влезат во НАТО тоа е нивно право.

Русија се вмеша меѓу нашите национални интереси” рече Коѕијас. Во овој контекст, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, истакна дека во преговорите не треба да се дозволи вмешување на многу страни, бидејќи така нема да се најде решение.

Коѕијас додаде дека во преговорите за името, не дозволил на никој да се вмеша и да учествува освен него, министерот Димитров, премиерите на двете земји и експертите.