Крадци само влегоа и го изнесоа Реноар: Овие мажи ја извадија скапоцената слика од ѕидот на аукциската куќа и излегоа низ три различни излези

Три непознати мажи украле слика од францускиот импресионист Пјер -Огист Реноар од аукциска куќа во Виена, соопшти денеска полицијат.а

Крадците влегле во акциската куча Доротеум во понеделник и ја симнале сликата од ѕидот на вториот кат каде била изложена.

Тие потоа излегле од зградата низ трите излези и побегнале, наведе полицијата.

Полицијата објави снимки од непознати мажи и побара од граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на крадците.

Објавата на аукциската куќа за продажба на сликата на Реноар “Golfe, Mer, Falaises Vertes” проценета меѓу 120.000 и 160.000 евра по кражбата е тргната од вебсајтот на Доротеум.

 

Извор: Сител