Британскиот крал Чарлс III го прославува својот 74-ти роденден, првиот како монарх на Обединетото Кралство.
Една од придобивките да се биде британски монарх е тоа што можете да го прославите вашиот роденден двапати – вистинскиот и официјалниот.
Се очекува денеска кралот Чарлс III да го прослави вистинскиот роденден и да ја продолжи традицијата и официјално да го прослави својот роденден на почетокот на јуни. Традицијата вели да се слави кога е убаво времето со парада.
На три локации во Лондон напладне ќе се пука огномет.