Русија работи на можноста за билатерална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Кина, на маргините на настаните по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Секако, моментално ја разгледуваме можноста за билатерална средба“, изјави Ушаков за новинарите, пренесува РИА Новости.
На 3 септември Кина ќе одржи воена парада на плоштадот Тјенанмен во Пекинг по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Претходно беше објавено дека на свеченостите ќе учествуваат 26 странски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Кремљ: Русија ја разгледува можноста за средба меѓу Путин и Ким Џонг Ун во Кина