ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против три лица – Б.Ш.(40) од Богданци, Д.Л.(33) од Скопје и Б.З.(45) од Скопје – поради сомнение за извршени кривични дела поврзани со злоупотреба на лични податоци и фалсификување јавни исправи.
Според пријавата, во септември 2025 година, Б.Ш. без согласност искористил лични податоци на неговата мајка и уште едно лице од нивни лични документи и истите му ги предал на Д.Л. Потоа, Д.Л., без знаење на лицата, ги употребил нивните лични податоци во постапка за кандидирање за членови на Советот на општина Богданци пред општинската изборна комисија, при што бил фалсификуван и потписот на лицата.
Фалсификуваните јавни исправи, според наводите во пријавата, биле доставени од Б.З. на 13.09.2025 година до општинската изборна комисија во Богданци, со цел поднесување листа на кандидати за Советот на општината.
