Криптовалути вредни милиони, но и сметка во Бугарија – Што се поседува Петар Богојески?!

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пријавил голема вредност на сметки, имот и криптовалути.

Според информациите, тој поседува 11 биткоини за кои проценил дека вредат 59.734.070 денари односно околу еден милион евра, како и 129 етериуми купени во соседна Србија за 125.000 евра.

Покрај крипто, Богојески поседува и сметка во соседна Бугарија, но засега нема информации за состојбата на истата.

Тој поседува и стан со гаража во општина Карпош, кој го купил во 2012 година, а е со проценета вредност од 278.000 евра. Исто така, во Ракотинци оваа година купил и земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра.

Тој лани, си купил и нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.

Како деловен удел, Богојески поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра, а има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.

Богојески пријавил влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување од 15.000 евра, како и осигурителни полиси за сопругата и децата. Неговите деца поседуваат и акции во банка во основање во САД, но не се наведуваат точни суми.

Имотната листа вклучува девизни сметки во евра и долари, персонални сефови (еден во евра, друг во денари), сметка во бугарска банка и девизна готовина од 120.000 евра. Исто така, пријавил и златен накит вреден над 40.000 евра и икони со благородни метали проценети на околу 20.000 евра.

Неговата месечна плата како директор изнесува 87.000 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното