Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да ја применува амнестијата за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“. Постапката е запренa за ексминистри Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот спикер Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски. Сите тие се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
На одлуката може да се поднесе жалба до Апелацискиот суд. Судот ќе ги образложи причините за одлуката во писмен одговор што ќе им биде доставен на обвинетите.
Во декември 2024 година, Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција го поддржа применувањето на Законот за амнестија за тројца од обвинетите во овој случај. Скопска Апелација лани ја укина првостепената пресуда од 2021 година и го врати предметот на повторно судење.
Истовремено, за упадот во Собранието, се води и друг предмет во кој беа обвинети 33 лица, од кои 15 беа помилувани со амнестија, вклучувајќи пет пратеници. 16 лица беа осудени на вкупно 188 години затвор.