Македонија

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп: Швеѓанка тешко повредена при слетување во Струга

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп: Швеѓанка тешко повредена при слетување во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Тој, на 28.07.2026 во својство на параглајдинг инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да и даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска и за време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена  во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни