Македонија

Кривична за параглајдинг инструктор: Швеѓанка тешко повредена при слетување кај Струга

Кривична за параглајдинг инструктор: Швеѓанка тешко повредена при слетување кај Струга

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишен параглајдинг инструктор од Прилеп, откако туристка од Шведска се здобила со тешки телесни повреди при тандем-лет кај Струга.

Како што соопшти МВР, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според полицијата, на 28 јули годинава пријавениот, во својство на параглајдинг инструктор во една параглајдинг компанија, договорил тандем-лет со 37-годишната А.Г.Б. од Шведска.

Од МВР наведуваат дека инструкторот, според сомненијата, не ѝ ги дал потребните инструкции и насоки пред летот.

При приземјувањето во близина на Струга, туристката се здобила со тешки телесни повреди на едната нога.

По несреќата таа била пренесена на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни