Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му се определува мерка куќен притвор.
Оваа одлука доаѓа по обемната истрага во која во семеен имот во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.
Според информации, советот одлучувал по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов за укинување на куќниот притвор.
Судијата Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста по полициската акција во која беше откриена рекордна сума на кеш, соѕидана во објект во негова сопственост.

