Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера доцна пристигна во Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.
На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.
ФОТО Лавров влезе во македонскиот воздушен простор, ја одбегна Бугарија леташе преку Грција
Како што вчера објавивме, авионот на Лавров леташе преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а ја избегна Бугарија.
Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, па затоа летот траел повеќе од пет часа.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија експлицитно се споменува следново: „Дадената дозвола за учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје му се дава на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и паѓа под исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ кон него.Дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои исто така се санкционирани лица, согласно важечкото право на ЕУ, што е изречно наведено во одговорната белешка на бугарската страна“.